Во просториите на Општина Берово, денеска, се одржа конститутивна седница на новиот Локален совет за превенција, на која се разговараше за сеопфатен пристап за справување со предизвиците во заедницата.
На состанокот, се дискутираше за потребата од систематско третирање на проблемите, преку скенирање на причините кои ги предизвикуваат, нивна детална анализа, утврдување можности за влијание врз проблемите, како и определување одговорни институции, за постапување и мониторинг на процесот на спроведување на мерките.

Притоа, како документи според кои треба да работи ЛСП, во следниот период, во рамки на дневниот ред, усвоени се:
– Деловник за работа и
-Програма за работа за 2026 година
Како клучни приоритети на Локалниот совет за превенција – Берово, во наредниот период се утврдени:
-превенција од семејно насилство преку кампања и трибини
-превенција од пожари и
-изнаоѓање на долгорочно решение, за квалитетно водоснабдување на населението
Целта на Локалниот совет за превенција, е да се подобри локалната безбедност, за да се изгради поголема доверба меѓу институциите и граѓаните и да се зајакне партнерството помеѓу локалната самоуправа, институциите и заедницата.

