Во рамките на активностите за подобрување на животот на граѓаните од ромската заедница, вчера, организацијата РРОМА во име и на коалициските организации КХЕТАНЕ, одржаа информативна донаторска средба, со граданочалникот на Општина Берово, г-дин Звонко Пекевски.
Информативната средба е одржана,во рамките на проектот „Нови решенија за старите проблеми – размена на нов вид пристапи во областа на интеграцијата на Ромите“ финансиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка преку ЕЕА и Норвешкиот фонд за грантови за регионална соработка. На истата, разговарано е за придобивките и предизвиците на заедницата, ромските организации и донаторите.
Како позначен заклучок од средбата, истаката е подршката на иницијативите, кои ја олеснуваат мобилизацијата и ангажирањето на заедницата, како клучно значење за да се обезбеди ефективност, одржливост и инклузивност, на проекти и активностите за сите засегнати страни, со особен акцент на Ромска инклузија.