Одржана инфо сесија во рамки на јавниот повик за финансирање на граѓански организации

Денеска, во Хотел Манастир, во Берово, се одржа инфо сесија, во врска со Јавниот повик за граѓански организации, за поднесување предлог-проекти, во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 – ReLOaD3, финансиски поддржана од Европската Унија.

Присутните ги поздрави Градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, кој упати искрена благодарност до Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, како и до Европската Унија, кои преку програмата ReLOaD3 овозможуваат јакнење на капацитетите на граѓанскиот сектор во Берово и создаваат реални можности за имплементација на значајни проекти во нашата општина.

Денешната инфо сесија, претставува можност за појаснување на сите аспекти поврзани со јавниот повик, со цел подготовка на квалитетни, одржливи и реални проектни апликации.

За сите дополнителни прашања, можност за појаснување, како и менторска подршка при подготовка на апликациите, согласно ЛОД методологијата,  граѓанските организации ќе имаат и  во текот на утрешниот ден.

Преку  заедничка работа создаваме проекти, кои ќе донесат конкретни и видливи придобивки за нашите сограѓани.

 

 

Горе