Одиграно прво коло од Работнички спортски игри во Берово

Во спортската сала „Македонски Бранители“,  во Берово, во организација и под покровителство на Општина Берово, започнаа Работничките спортски игри 2026 – турнир во мал фудбал, каде екипите го одиграа првото коло со интересни и неизвесни натпревари.

Резултати од првото коло:

  • Образование – МВР 4:2
    Екипата на Образование стартуваше сигурно и со ефикасна игра, успеа да го совлада МВР со резултат 4:2.
  • АРМ – Фагус и Национални шуми Пехчево 2:0
    АРСМ прикажа цврста игра и со два погодоци обезбеди победа од 2:0.
  • Општина Берово и Здравствен дом – Приватни фирми и угостители 0:1
    Во израмнет натпревар, Приватни фирми и угостители славеа минимална победа од 1:0.
  • Труд и социјала – Роми 1:1 (по пенали 3:2)
    По нерешени 1:1 во регуларниот дел, победникот беше решен по изведување пенали, каде Труд и социјала беа поуспешни со 3:2.

Првото коло донесе борбен дух, фер-плеј и голема поддршка од публиката, најавувајќи возбудлива сезона во рамки на РСИ 2026.

Денес на програмата – Второ коло (23.02, понеделник)

Натпреварите од второто коло ќе се одиграат денеска,  со следниот распоред:

  1. 🕡 18:30 ч. – Фагус и Национални шуми Пехчево – Приватни фирми и угостители
  2. 🕖 19:00 ч. – Образование – Труд и социјала
  3. 🕢 19:30 ч. – АРМ – Општина Берово и Здравствен дом
  4. 🕗 20:00 ч. – МВР – Роми

Ги покануваме сите љубители на спортот, да присуствуваат и да ги поддржат своите фаворити, во продолжението, во рамки на второто коло од  Работничките спортски игри во Берово.

Горе