По повод 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба, денеска во центарот на Берово, се одржа пригодна свеченост и полагање свежо цвеќе пред споменикот на Диимитар Поп-Георгиев Беровски, еден од истакнатите борци за слобода и независност на македонскиот народ.
На настанот присуствуваа претставници на локалната самоуправа, јавни институции, и здруженија на граѓани, кои со достоинство и почит им оддадоа признание на сите борци, што го трасираа патот кон слободна и самостојна држава.
Со овој настан, беровчани уште еднаш ја потврдија својата почит кон историјата и борбата за национална самобитност, како и определбата за зачувување на слободата, единството и достоинството.















