Од 1- ви август, се воведува еднонасочен сообраќај во централно градско подрачје во Берово

За подобрување на условите во сообраќајот, на дел од градските улици, во Берово,  во централното градско подрачје, од 1- ви август, се воведува еднонасочен сообраќај.

На ул. “Страшо Пинџур”, ул. “Цветан Димов”, ул.“Белградска” и дел од ул. “Маршал Тито”, сообраќајот,  ќе се одвива на следниот начин:

Се воведува еднонасочен сообраќај во централното градско подрачје на дел од ул. „Страшо Пинџур“ (на потегот од крстосница со ул. „Цветан Димов“ до крстосница до ул. „Белградска“ гледано во истата наоска од левата страна се дозволува паркирање на возила).

Се воведува еднонасочен сообраќај по ул. „Цветна Димов“ гледано во насока од спојот со ул. „Маршал Тито“ па се до крстосницата со ул. „Страшо Пинџур“,  со овозможување на паркирање на возила од левата страна, гледано во насока од истат страна.

Се воведува еднонасочен режим на сообраќај, на ул. „Белградска“, на потегот од крстосница со ул. „Страшо Пинџур“ па се до крстосница со ул. „Маршал Тито“ и се забранува паркирањето на возила”.

Се воведува еднонасочен сообраќај на дел од ул. „Маршал Тито“, гледано во насока од спојот со ул. „Белградска“ па се до крстосницата со ул.„ Цветна Димов“ со овозможување на паркирање на возила, од левата страна, гледано во насока на движење.

Еднонасочниот сообраќај се воведува во интерес на зголемување на безбедноста и подобрување на сообраќајот на дел од улиците и избегнување на сообраќаен метеж.

За регулирање на новиот режим на сообраќај, Општина Берово ќе постави соодветна  вертикална сигнализација, согласно проектната документација.

Скицата на режимот на сообраќај можете да ја погледете ТУКА. 

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат новопоставениот сообраќаен режим и да бидат внимателни.

Горе