Новогодишна претстава во детската градинка „23 Август“

Градоначалникот на Општина Берово, заедно со претставници од општинската администрација, присуствуваше на новогодишната претстава, во детската градинка „23 Август“.

Во топло и пријатно новогодишно катче, дечињата се претставија со весели и креативни изведби, преку кои го покажаа сето она што го научиле и совладале во текот на изминатиот период.

Претставата беше исполнета со празнична атмосфера, детска радост и искрени насмевки, што создаде пријатно доживување за сите присутни.

Општина Берово упатува честитки до децата, воспитувачите и целиот колектив на детската градинка „23 Август“, за успешно реализираната новогодишна приредба и за нивната посветеност во воспитно-образовниот процес.

Горе