Продолжуваат градежните активности во домот за стари лица др. Иван Влашки во Берово. Со бетонска и метална ограда, се оградуваат објектите на установата, при што Домот за стари лица доби нов изглед, во кој старите лица ќе се чуствуваат уште повеќе безбедбни.
Грижата за непосредната околина и за условите во кои нашите корисници го поминуваат своето време , се дел од нашите секојдневни обврски кон граѓаните. Со таков однос и свесност за потребите на општеството, веруваме дека досега сме придонеле за подобрување на многу аспекти од животот на граѓаните- истакна Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.
Поставувањето на новата ограда , е сопствена инвестиција на Домот за стари лица ,,др. Иван Влашки”, за што од Буџетот на установата се потрошени околу 1.000.000,00 денари.