Нов зелен појас во Берово

Општина Берово продолжува со активности за разубавување и подобрување на животната средина.
Во рамки на Планот за ревегетација на дел од улицата „Задарска“, денеска, се засадени 15 садници -јапонски цреши.
По изведбата на градежни работи за реконструкција на тротоарот, при што беа отстранети неколку стари дрвја, општината започнува со ново засадување на истата локација.
Со ова ќе се овозможи повторно раззеленување на просторот и создавање поубава и попријатна средина за граѓаните.
🌿 Со засадувањето на јапонските цреши, Берово ќе добие уште поубав изглед, особено во пролетниот период, кога дрворедот ќе процвета.
Горе