Нов мурал го краси влезот на Берово

На влезот во Берово, кај градскиот стадион , нов мурал пренесува порака, за убаво и урбано Берово, кој е изработен од нашиот локален уметник Мартин Качулачки.
Приказната, е инспирација на спортски мотиви и претдтавува новата урбана туристичка приказна, со впечатливи елементи, кои остануваат траен белег за Берово и за фудбалскиот клуб Малеш..
Ова, е уште еден проект, за поубаво и поурбано Берово, што е наш приоритет, а што ќе дава еден поразличен и повпечатлив сјај .
Вредноста на авторското дело изнесува 167.550,00 денари, од кои 59.000,00 денари се обезбедени од Министерството за култура и туризам, преку Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес во културата, од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот за 2023 година, а останатите од Буџетот на Општина Берово за 2024 година.
Горе