НЕСОВЕСНОТО ФРЛАЊЕ НА КОМУНАЛЕН ОТПАД МОРА ДА ЗАПРЕ!

Ве информираме дека, во текот на изминатиот викенд, при редовна контрола од страна на службите при Општина Берово и од моја лична страна, се затекнати  лица, како несовесно одлагаат отпад на депонијата за градежен отпад во близината на Берово, м.в Црвен Брег, која постојано е мета за несовесно расфрлан отпад.

Расфрланиот  отпад,  претставува грда слика за градот, жителите и туристите, кои после изградбата на локалниот пат Берово- Црвен Брег- Абланица, се почесто го користат овој дел од градот, за прошетка.

Осудувајќи го неодговорното уништување на животната средина, од страна на  несовесни граѓани, повикуваме на одговорност  од сите нас, за зачувување на животната средина.

Заради поголема контрола над ситуација, локацијата наскоро ќе биде обезбедна со видео надзор.

НЕСОВЕСНОТО ФРЛАЊЕ НА КОМУНАЛЕН ОТПАД МОРА ДА ЗАПРЕ!

Берово и Малешевијата е еколошки чист крај, со прекрасна и недопрена природа, па  ваквите дејствија, никако не придонесуваат во она што сакаме да го постигнеме- ЕКОЛОШКИ ЧИСТ РЕГИОН.

Сепак, мораме да бидеме свесни дека некои граѓани и покрај сите апели, едукации и акции, и понатаму остануваат несовесни и кон нив едноставно  мора да се применуваат казнените одредби од важечките законски прописи.

Ве повикуваме, сите граѓани, кога сте сведоци на уништување на животната средина, веднаш делото да го пријавите до надлежните служби при Општина Берово, со цел да може навремено да се реагира, превземајќи соодветни санкции и казна за сторителот.

Горе