Со својата упорност и храброст, хероите од минатото, го запишаа 23 август, во историјата, како ден кога на темелите на слободата, Берово започна да се гради.
Денеска, потврдувајќи го заветот кој ни го оставија нашите херои, гордо живееме во слобода и независност и исправено стоиме пред предизвиците на денешницата, движејќи се кон остварување на целите во едно модерно време и унапредуваjќи ги сите сфери од општественото живеење.
Денеска се поклонуваме пред споменикот на паднатите борци, кои со својата жртва, оставија вечно дело и уште еднаш ветуваме дека со оставање трага во нашето време, ќе продолжиме да го негуваме, она што го вложиле тие со своите животи.
На сите беровчани, посакувам добар развој на Берово, многу здравје, успех и среќа и низ напредок и просперитет да го продолжиме развојот на Берово.
Да правиме добро за другите, за доброто да можеме да го почувствуваме сите.
Нека ни е честит празникот 23 Август!
Да го чествуваме уште многу години, со уште подобри услови и уште поголеми достигнувања.