Денеска жителите на општина Берово, имаа можност да гласаат и да ги истакнат приоритетните програми, но и проекти, кои би требало општината да ги реализира.
Според присутните граѓани, најприоритени за реализација, се Програмите за развој на спорт и спортско рекреативни активности, Програма за поттикнување на развојот на туризмот, Програма за активностите на Општина Берово во областа на културата и Програма за изработка на урбанистички планови, додека помалку приоритени се Програма за уредување на градежно земјиште и Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести.
Присутните граѓани, ги рангираа предложените проекти по приоритет:
- Тротоар на ул. „Моша Пијаде“ од старо Борово до Хотел Манастир 60 БОДОВИ
- Реконструкција на отворен канал за атмосверски води на ул. 23ти Авгус 57 БОДОВИ
- Реконструкција на кров на ОЈУДГ „23-ти Август“ Берово 55 БОДОВИ
- Продолжување на трим стазите – патеките на Беровско Езеро 52 БОДОВИ
- Божиќен концерт со изложба на стара архитектура од Малешевијата 50 БОДОВИ
- Автоматско системско наводнување на тревникот на ОФК Малеш 47 БОДОВИ
- – Востановување на фестивал Малешевијата пее од срце 44 БОДОВИ
- Санирање на старата соблекувална во ОФК Малеш 44 БОДОВИ
- Нови пластични столчиња на трибините на ОФК Малеш 41 БОД
- Почесто организирање на еколошки акции за пошумување со вклучување на учениците и друго население, не само ЕЛС 34 БОДОВИ
- фотоволтаици на кров на ОЈУДГ „23-ти Август“ Берово 33 БОДОВИ
- Детско повеќенаменско игралиште на ридот кај Ромската заедница 29 БОДОВИ
На вкупно трите форумски сесии, присутните, преку своето учество, имаат можност да се запознаат и да дискутираат за реализацијата на буџетот на општина Берово за тековната 2022, и да даваат предлози за планирање на буџетот за следната 2023 година.
Воедно, присутните можност да предлагаат, дискутираат и одлучат кои се приоритетни активности, да бидат ставени во програмите за 2023 и понатаму да бидат составен дел на Буџетот на општината за 2023 година. Се разбира дека дел од проектите, ќе бидат веднаш ставени за реализација, а дел ќе се сметаат како приоритети во изработката на техничка проектна документација и ќе бидат реализирани во следната година.
Присуството на жителите, здруженијата на граѓани и претставниците на институциите, како и нивното активно учество на сесиите, беше од големо значење за успешно спроведување на буџетскиот форум и даде голем придонес за креирање на Буџет на општина Берово за 2023, по мерка на граѓаните.
На третата форумска сесија, исто така беа проследени и предлозите, кои беа истакнати како приоритети преку социјалните мрежи на општина Берово и на градоначалникот:
- Реконструкција на Улица 3
- Вода за пиење на Линако
- Автобуски линии, како што имаше порано- Автобуска станица и линии за Скопје и другите градови
- Развој на руралниот туризам
- Кружен тек на патот Берово Струмица, кај раскрсницата Берово Владимирово Струмица
- Асфалт и улично осветлување на ул. Кочо Рацин
- Спортско игралиште во ромското маало
- Да се пополнат дупките на ул. 15 корпус
- Да се отвори фирма да има каде да работат луѓето
- Да се активира ресторантот на Беровско Езеро
- Да се исчисти депонијата на Бучвар кај с. Русиново
- За почисто Берово, кантите и контејнерите да се чистат 2 пати неделно
Им благодариме на сите жители, на Општина Берово, кој беа дел од форумскиот процес.