Моќен настап на ѕвездите на „TEEN CAMP“ под продукција на Цаци Паковска, го наполни плоштадот во Берово и приедизвикува вистинско уживање за децата во Берово, на настанот ,,Ајде да се дружиме”, кој го организира Општина Берово, во соработка со Детската градинка ,,23 Август” , ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” , ООУ ,,Никола Петров Русински” и ОСУ ,,Ацо Русковски”.
Сите ние, долги години ги гледаме на телевизија, се забавуваме со нивните умешни и оригинални серијали.
Нивните проекти исполнети со музика, забава, дружење, перипетии, интриги, задоволства и незадоволства, се најдобри и најпопуларни медиумски проекти во земјата.
Тие се идолите на новата генерација и претставуваат најпопуларно детско и тинејџерско шоу.
Тие се промотори на добрите, на вистинските вредности, но и на македонската музика кај младите генерации, па нашата младина, честопати се идентификува со нив.
Тие растеа со музика, во наше старо маало, а ние, голем број генерации растевме со нив.
Главните актери од тинејџерската серија ,,TEEN CAMP”, вечерва во Берово, со извонреден настап на настанот ,,Ајде да се дружиме”.