Во рамки на шестата активност од ИПА проектот „Волонтери преку граница“, кој што се имплементира од програмата Интерeг за преку гранична соработка на Македонија и Бугарија, младинци од Република Бугарија заедно со своите врсници од Берово, учествуваат во тренинг обука за подигање на свеста и теоретско запознавање со природните катастрофи со посебан акцент на пожарите.
-Ние тука сме собрани да ја имплементираме активноста број 6 во самата проектна апликација, која што претставува организирање на заеднички тренинг на младите луѓе од локалните заедници и подигање на свеста за природните катастрофи.Тоа е обука во која што има два дела.Денес младите од Берово и областите Струмјани, Кресна и Сандански од Бугарија, ќе бидат запознаени теоретски со природните катастрофи, со особено значање на пожарите – истакна Наташа Каламадевска.
Настанот во Берово, го отвори градоначалникот на Струмјани, Емил Илиев, кој во своето обраќање, рече дека двете партнерски општини Берово и Струмјани, целосно се посветени во работа на проектите во насока на справување со природните катасторофи.
-Општина Берово и Општина Струмјани, како партнерски општини, целосно се посветени во работата на проекти кои се наменети за спречувае на природни катастрофи и хаварии.Волонтерството е нешто кое е многу важно за нас како локална власт и администрација, поради фактот што треба да има помош од месното население за локалните власти, а ние како раководители треба да покажеме интерес која што треба да ја имаат младите волонтери за да може да имаме обучени лица кои во иднина ќе ни помагаат во справување со природните катаклизми.Искрено се радувам што гледам многу млади луѓе тука, и се надевам дека ќе продолжиме во иднина со реализација на вакви проекти, кои што сме ги започнале или завршиле со партнерската Општина Берово, за да ги заштитиме нашите соседни Општини на Малешевските планини, кои ни се дадени за да ги чуваме од пожари и разни катаклизми, заедно со младите волонтери од двете странаи – рече Емил Илиев градоначалник на Општина Струмјани.
На тренинг обуката претставниците од ТППЕ Берово детално го објаснја и презентираа процесот за гаснење на пожар со подигање на волонтерството кај младите луѓе од двете општини, а исто така беа запознаени со минатогодишните пожари во Малешевијата.
Во текот на вчерашниот ден за учесниците на обуката, отворена е демонстрација за гаснење на пожар, каде и самите имаа можност да се приклучат во гаснењето, а исто така имаа и презентација како да се пружи прва помош при било какви природни катастрофи.
Во рамките на овој проект, следниот период младинци од Берово ќе учествуваат на седум дневна работилница во градот Монтана во Бугарија, каде што ќе добијат сертификати за влонтери за против пожарна заштита.Како главна активност на проектот „Волонтери пеку граница“ е набавка на специјални возила за заштита од шумски пожари, со модул во зимски услови да служи за чистење на снег, едно за Општина Берово и другото за Општина Сандански.
Инаку ИПА проектот „Доброволците преку границата“ Општина Берово го реализира во партнерство со здружението „Заедно за Сандански“ од Благоевград, Р.Бугарија, додека вредноста на проектот е 397 илјади евра.
Проект CB006.2.12.117 “Волонтери преку граница”. Проектот е ко-финансиран од ЕУ преку Интеррег ИПА Прекугранична соработка Бугарија – Северна Македонија Програма 2014-2020, CCI 2014TC16I5CB006. Оваа публикација е издадена со асистенција на Европската Унија преку Интеррег ИПА Прекугранична соработка Бугарија -Северна Mакедонија, Програма 2014-2020,- CCI No 2014TC16I5CB006. Содржината на оваа публикација е во целосна одговорност на Општина Берово и во никој случај не ги одразува ставовите на Европската Унија или на Управувачкиот орган на Програмата.