Мешана патрола со претставници на ОВР Берово, шумска полиција, ЈП ,,Национални Шуми” и ТППЕ Берово, изврши едукација на населението за превенција од пожари на отворен простор.
За време на едукацијата, беше посочено дека се уште важи забраната за движење во шума и дека дозволи за движење, граѓаните можат да извадат од ЈП ,,Национални Шуми”- подружница Берово, на капија или од реонскиот шумочувар.
Апелираат граѓаните да внимаваат како се движат низ шума, со цел да не се предизвика пожар , со што ќе се нанесат огромни штети .
Доколку забележат било каков чад или оган да пријават на новиот број 112 – европски број за итни повици.
Воедно се информира населението, дека во функција сеуште е и бројот 193.