ЛИТЕРАТУРЕН И ЛИКОВЕН КОНКУРС наменет за ученици од Берово, од основното и средното образование

Врз основа на Програмата на Општина Берово од областа на образованието за 2024 година, со број 09-4506/1, од 24.11.2023 година,  а по повод  Денот на Општина Берово,  23 август,  Општина Берово објавува :

 

ЛИТЕРАТУРЕН И ЛИКОВЕН КОНКУРС

наменет за ученици од Берово, од основното и средното образование

 

Со цел да се поттикне творештво, формирање на позитивни вредности и развивање на креативноста кај младите, Општина Берово, распишува награден конкурс за изработка на ликовни и литературни (поетски или прозни творби) за учениците од основното и средното образование на тема ,, БЕРОВО МОЈОТ РОДЕН КРАЈ.

Конкурсот е во две категории: Конкурс за основното образование и конкурс за средно образование

Почнува на 01.06.2024 и трае до 14.06.2024

Творбите  треба да бидат потпишани со шифра, а во внатрешноста да стои мал плик со име, презиме, училиште, одделение, одделенски или предметен наставник, адреса на живеење и телефонски број за контакт.

Творбите да бидат доставени во писмена форма до училиштата, а истите е потребно да ги достават до Општина Берово, најдоцна до 20.06.2024 година.

За оценување на творбите ќе биде формирана комисија.

 

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество, имаат сите ученици од I до IX оделение од ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” и ООУ ,,Никола Петров Русински” и сите ученици од I- ва до IV-та година од  ОСУ ,, Ацо Русковски”.

 

НАГРАДЕН ФОНД

За избор на најдобра ликовна творба

-Награди за најдобрите три ликовни творби од ученици од средно образование:

5.000,00 -прво место,

3.000,00 – второ место и

2.000,00 -трето место

-Награди за најдобрите три ликовни творби од ученици од основно образование:

5.000,00 -прво место,

3.000,00 – второ место и

2.000,00 -трето место

 

Избор на најдобра литературна творба

Награди за најдобрите три литературни творби од ученици од средното образование

5.000,00 -прво место,

3.000,00 – второ место и

2.000,00 -трето место

Награди за најдобрите три литературни творби од ученици од основно образование:

5.000,00 -прво место,

3.000,00 – второ место и

2.000,00 -трето место

Наградите ќе бидат доделени на Денот на Општина Берово, 23 август.

Сите ликовни творби, ќе бидат изложени во Бизнис инкубаторот во Берово, а наградените литературни творби, ќе бидат прочитани во рамките  на свечената церемонија, по повод одбележувањето на денот на Општина Берово, 23 август.

 

Број 15- 1779/1                                                                          Општина Берово

Дата 31.05.2024 година                                                             Градоначалник

ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ

Горе