Кампањата ,,Подај рака и промени живот, стани згрижувач”, која е наменета за промоција на згрижување, а има за цел да се зголеми бројот на згрижувачки семејства во земјата, утре, четврток, 29.09.2022 година во Берово, на Градскиот плоштад и кај градскиот пазар, пред заинтересираните граѓани, ќе ги презентира придобивките од згрижување и начинот на кој можете да станете згрижувач.
Националната кампања се спроведува од страна на СОС Детско село, во соработка со Центрите за поддршка на згрижувачки семејства ,,11 Октомври” и ,,Битола” , Министерството за труд и социјална политика и локалните самоуправи, а овозможена е од страна на Германското министерство за економски развој и соработка.
Бројот на деца без родителска грижа и оние во ризик да го изгубнат сопственото семејство, е голем и потребни се повеќе згрижувачки семејства, за секое дете да може да биде заштитено од насилство и злоупотреба, да има стабилно домување и згрижувач.
Настанот првенствено е наменет за сите заинтересирани граѓани , со потенцијал да станат згрижувачи, кои преку промотивни материјали и директни консултации со стручни лица, како и самите згрижувачи, можат да се информираат, повеќе за згрижуваањето.
Згрижувачите добиваат услуга на стручна помош и поддршка преку цетри за поддршка за згрижувачки семејства, но и месечен надомест за згрижено дете, надомест за згрижувач, како и други придобивки, согласно потребите на децата за кои се грижат.
За сите кои се заинтересирани да станат згрижувачи, а немаат можност да присуствуваат на настанот, повеќе информации за тоа како да станат згрижувач, можат да добијат на телефонскиот број 075/277-477 и веб страната http://www.zgrizuvanje.mk .
ПОВЕЛЕТЕ, ПОСЕТЕТЕ ГО НАСТАНОТ, УТРЕ, НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД И ВЕДНАШ ДО ГРАДСКИОТ ПАЗАР ВО БЕРОВО, ВО ПЕРИОДОТ ОД 10:00 ДО 14:00 ЧАСОТ И ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ КАКО МОЖЕ ДА СТАНЕТЕ ЗГРИЖУВАЧ.