Јавно презентирана завршната сметка на Буџетот на Општина Берово за 2023 година

Едногласно, со 15 гласови ЗА, денеска Советниците во Советот на Општина Берово, ја усвоија Завршната сметка на Општина Берово, за 2023 година.
На приходна страна, од вкупно планирани 375.000.000,00 денари, реализирани се 366.604.601,00 денари, или 98%.
На расходна страна, планирани се 375.000.000,00 денари, а реализирани се 334.564.653,00 денари или 89%.
Бројките покажуваат дека финансиската состоба на Општина Берово е стабилна, што е резултат на домаќинско работење и навременото планирање на финансиските импликации.
Завршната сметка на Буџетот на општина Берово, е презентирана јавно пред сите присутни граѓани, а истата можете да ја најдете и на веб страната на Општина Берово:
Благодарност до Советниците при Советот на Општина Берово за соработката и за едногласноста во одлучувањето за Завршната сметка, за 2023 година.
Горе