Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Берово, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 09.08.2022 година се објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско – корисна работа
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Работа, Еднаквост и Хуманост” за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Берово.
Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман 9(девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата .
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ за времетраењето на работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
-долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
– млади лица до 29 години
– лица постари од 50 години
-невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот COVID 19
– лица корисници на гарантирана минимална помош
– лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
– лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
– жртви на семејно насилство
– лица со попреченост
– жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етничките заедници
– лица припадници на ромската етничка заедница
-лица на кои им е решен статусот со лична документација
– самохрани родители
– родители на деца со пречки во развојот
– родители на 3 и повеќе деца
– лица со незавршено средно или пониско образование
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
Работно место 1: Образовен асистент/ со следниве работни задачи:
– Четиричасовно дневно ангажирање во СОУ” Ацо Русковски”Берово
– пружење помош и поддршка на учениците со посебни образовни потреби инклузирани во редовната настава преку разни видови на индивидуализиран, диференциран и методолошки пристап во работата;
– пружење помош и поддршка на наставниците преку асистирање во реализацијата на наставните активности;
– помош и подршка на родителите преку соработка со истите;
-соработка со заедницата;
-соработка со стручните соработници и инклузивен тим на ученикот;
Позиции за работно место 1: 2 позиции
Потребни квалификации и занимања за Работно место 1:
Емпатија, Комуникативност, Флексибилност, Толерантност, Психичка стабилност, Одговорност, Принципиелност, Евидентирано невработено лице кое активно бара работа во Центарот за вработување-Берово, Лицето да припаѓа на една од целните групи, Стручно квалификувани одговорни и комуникативни лица, Завршено високо образование за: Специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, со завршено VII/1 степен, т.е VI A според македонската рамка на квалификации МРК или 240 ЕКТС, како и лице што ги исполнува условит за наставник во одделенска настава (VII/1 степен, т.е VI A според МРК или 240 ЕКТС),како и лице наставник во предметна настава (VII/1 степен, т.е VI A според МРК или 240 ЕКТС),
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Берово во периодот од _09.08.2022 година до15.08.2022 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Берово и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Берово кај лицето Ѓорѓи Пеовски , Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Берово кај лицето Марија Тренчовска , Центар за социјлна работа Берово кај лицето Биљана Миловска.