ЈАВЕН ПОВИК За пријавување за користење на јавна површина тезги/штандови  за  време на ЕТНО Плоштад Фестивал 2025 и Саем  ,,Малешевијата на дланка”

Врз основа на член 3 од ОДЛУКА за утврдување на висината на надоместокот за закуп на тезги и штандови за саемот Малешевијата на дланка и ЕТНО Плоштад фесивал 2025 година , која Советот на Општина Берово, ја донесе на 64-тата Седница, одржана на ден 15.7.2025 година, Општина Берово, распишува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

За пријавување за користење на јавна површина тезги/штандови  за  време на ЕТНО Плоштад Фестивал 2025 и Саем  ,,Малешевијата на дланка”

 

Општина Берово, ги повикува сите заинтересирани  правни и физички лица, да се пријават за користење на јавна површина за поставување на тезги/штандови за време на одржувањето на  ЕТНО Плоштад Фестивал 2025 и Саем  ,,Малешевијата на дланка” , во периодот од 28-30 август, 2025 година.

Висината на надоместокот за закуп на тезга, закуп на штанд и сл. е утврдена на следниот начин:

  • Закуп на тезга за изложување на производи од домашно производство и рачно изработени ракотворби – 0 денари
  • Закуп на штанд (крофни, воз, трамболина и сл.) со дозволена површина на користење до 6м2 (локации со број 5, 6, 7, 8) – 15.000,оо денари
  • Закуп на тезги за скараџии со дозволена површина на користење до 70м2 – 30.000,оо денари
  • Закуп на штанд на Државна Лотарија на Македонија со дозволена површина на користење до 8м2 (локација со бр.9) – 8.000,оо денари
  • Закуп на штанд од страна на други правни лица – други изложувачи, со дозволена површина на користење до 6 м2(локации со број 10,11) – 6.000,оо денари
  • Закуп на штанд со локација број 1 –почетна цена 60.000,оо денари
  • Закуп на штанд со локација број 2 – почетна цена 60.000,оо денари
  • Закуп на штанд со локација број 3 – почетна цена 35.000,оо денари
  • Закуп на штанд со локација број 4 – почетна цена 30.000,оо денари

СКИЦА НА ОДБЕЛЕЖАНИ ЛОКАЦИИ

За закуп на штандови на локации, определени како Локација со број 1, 2, 3 и 4, може да конкурираат правни лица кои се регисрирани за вршење на угостителска дејност (се утврдува со достава на тековна состојба, не постара од шест месеци)

За наведените локации, еден ист понудувач, не може да земе под закуп, повеќе од 1(една) локација.

Локацијата ќе се додели на понудувачот, што ќе понуди највисока цена, не пониска од првично определената  почетна цена.

Доколку за истата локација, двајца или повеќе понудувачи имаат понудено иста цена, ќе се применува принципот на „Прв дојден, прв услужен“.

За останатите локации, ќе се применува само принципот „Прв дојден, прв услужен“ по однапред определената цена согласно Одлуката.

Износот на висината на надоместокот се однесува само за периодот од 28-30 Август 2025 година, а просторот за користење ќе биде означен за секоја тезга или штанд посебно.

Сите заинтересирани  правни и физички лица, треба да достават писмена пријава со понуда (која се однесува само за локациите 1, 2, 3 и 4), со назнака за која локација  конкурираат, понудена цена  (која се однесува само за локациите 1, 2, 3 и 4)  и податоци за контакт, најдоцна до 06.08.2025 година(среда).

Начин на пријавување

Сите заинтересирани правни и физички лица, потребно е да достават пријава, до Архива на Општина Берово, со назнака ,,Пријава за користење на јавна површина за време на ЕТНО Плоштад фестивал”  .

По завршување на рокот за пријава, пристигнатите пријави ќе бидат разгледани од страна на Комисија формирана со Решение до страна на Градоначалникот на општина Берово и локациите ќе бидат одобрени  со Решение.

ПРЕВЗЕМИ ПРИЈАВА ЕТНО 2025

Рок за пријавување

Крајниот рок за достава на пријави е до 06.08.2025 година(среда). Пријавите кои ќе пристигнат после крајниот рок, нема да се разгледуваат.

Општина Берово

Градоначалник

Звонко Пекевски

Горе