Општина Берово ги повикува граѓаните кои имаат причинета материјална штета од невремето – врнежи од град, кое ја зафати територијата на општината на ден 05.06.2025 година (четврток) с. Владимирово, с. Мачево, с. Смојмирово, с. Русиново и с. Двориште, да ја пријават штетата, до Комисијата за проценка на штети на Општина Берово.
Барањето за пријавување на штета пополнето со бараните податоци и документи се доставува до Архивата на Општина Берово ул. “Димитар Влахов” бр.10 во Берово.
Во Барањето потребно е да се опише настанатата штета и точната локација која се пријавува.
Покрај Барањето секој барател треба да достави:
* копија од лична карта за користење на потребните лични податоци;
* копија од трансакциска сметка на барателот;
* доказ за основ на користење на земјиштето за насадите (копија од решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на змјоделски стопанства издадено од МЗШВ, копија од имотен лист, копија од договор за закуп).
*изјава за штети; Превземи Изјава за штети 2025
*изјава дека имотот не е осигуран; Превземи Изјава дека имотот не е осигуран 2025
Пријавувањето на штетите може да се изврши во рок од 6 работни дена, односно најдоцна до 16.06.2025 година.
Превземи Пријава за штети Пријава за штети 06/2025
Комисијата во предвид ќе ги земе сите барања кои по овој основ се поднесени до Општина Берово во период од 09.06.2025 до 16.06.2025 година.
Барањата ќе бидат обработени од страна на Комисијата и ќе биде изготвен Првичен Извештај, кој ќе биде проследен до Влада на Република Северна Македонија.
ОПШТИНА БЕРОВО
Комисија за проценка на штети од
елементарни непогоди на Општина Берово
