Врз основа на ОДЛУКА за користење и распределба на железнички шини Бр.09-3109/1 од 22.08.2022, се известуваат граѓаните на Општина Берово, дека можат да поднесат барање , за доделување на шини- тип S-45, доколку сметаат дека шините можат да ги употребат и користат за општо добро и во јавен интерес.
Шините можат да се доделат на правни и на физички лица, по поднесено барање до општината, но само доколку истите бидат користени за општо добро и во јавен интерес, односно за изградба и санација на мостови.
Се повикуваат граѓаните на општина Берово, кои имаат потреба од шини, во корист на општо добро и јавен интерес, да поднесат Барање до Архива на Општина Берово, после што Комисија формирана од Градоначалникот, ќе излезе на лице место, да ја утврди фактичката состојба и за истата да состави записник, кој понатаму ќе го достави до Советот на Општина Берово, на одлучување.
Воедно се известуваат граѓаните дека , сите поднесени барања за доделување на железнички шини, по допрен глас, пред донесувањето на одлуката за користење и распределба на железнички шини Бр.09-3109/1 од 22.08.2022, ќе бидат земени во предвид и разгледани од страна на Комисијата.
Барањето за доделување на железнички шини, можете да го превземете на следниот ЛИНК .