ЈАВЕН ПОВИК за формирање Локално собрание на млади на Општина Берово

Бр. 08-675/6

18/04/2023 година

Врз основа на член  17 од Законот за младинско учество и младински политики (“Службен весник на Република Северна Македонија“ број 10/2020), а во врска со член 69-д од Статутот на Општина Берово (Службен гласник на Општина Берово бр. 13/2002, 18/2007, 30/2008, 20/2010, 20/2019,47/2021), Иницијативниот одбор за формирање Локален младински совет при Општина Берово формиран со Решение на Градоначалникот со бр.08-675/4 од 29.03.2023 година на ден 18.04.2023 година распишуваат:

ЈАВЕН ПОВИК

за формирање Локално собрание на млади на Општина Берово

(1) Иницијативниот одбор за формирање Локален младински совет при Општина Берово, формиран со Решение на Градоначалникот со бр. 08-675/4 од 29.03.2023 година, распишува Јавен повик за членство во Локалното собрание на млади.

(2) Повикот е отворен за сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои ќе ги исполнат следните критериуми:

  • Да имаат активности на територијата на Општина Берово.
  • Да се основани и активни најмалку една година пред отворањето на овој повик.
  • Делегатот/ката и заменик-делегатот/ката да се жители на Општина Берово и да се на возраст од 15 до 29 години.

(3) Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите потребно е да ги достават следните документи:

  • Портфолио за работата на организацијата.
  • Мотивациско писмо за учество во Локалното собрание на млади, но не повеќе од 1 (една) страница.
  • Годишен извештај за работата од претходната година со кој се потврдува дека организацијата била активна изминатата година со активности спроведени за или од млади во Општина Берово.
  • Номинација на делегат/ка и заменик-делегат/ка со контакт-детали за претставниците.

(4) Пријавите за членство во Локалното собрание на млади на Општина Берово се поднесуваат електронски на  e-mail адресата [email protected], или до Архива на Општина Берово, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот или по пошта на адреса: Општина Берово, ул. „Димитар Влахов“ бр.10, со назнака „Апликација за членство во Собранието на Советот на млади“.

(5) Рокот за пријавување е заклучно со 05.05.2023 година.

(6) Апликациите ќе бидат разгледувани од страна на Иницијативниот одбор за формирање Локално собрание на млади со цел избор на Локалниот младински совет при Општина Берово и административниот службеник за млади номиниран од Градоначалникот на Општина Берово.

(7) За повеќе информации околку повикот може да се обратите на e-mail адресата [email protected] и на телефонскиот број +389 78 568 818 кај административниот службеник Новица Печински.

 

Иницијативниот одбор за формирање

Локален младински совет при Општина Берово

Горе