Во насока на подобрување на јавната чистота и комуналната хигиена, а во рамките на Проектот за регионално управување со отпад, ЈПКР,, Услуга” од Берово, постави контејнери за комунален отпад .
Контејнерите се поставени на територијата на општина Берово, при што ќе се олесни начинот на управување со отпадот во с. Мачево, с. Митрашинци, с. Будинарци, с. Смојмирово и с. Владимирово, а наскоро продолжува со поставување на контејнери и во с. Русиново, с. Ратево и с. Двориште.
Во рамките на истиот проект, ЈПКР,,Услуга” неодамна го збогати возниот парк, со специјални камиони за транспорт на смет, како дел од Европскиот проект за изградба на регионална депонија.
Со имплементацијата на овој регионален проект за управување со отпад, во голема мера ќе се подобри квалитетот на живот, ќе се зајакне заштитата на животната средина и ќе се поттикне локалната и регионалната економија.