Ј  А  В  Е  Н     П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа СДЦ Компонента

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Берово, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 07.06.2022 година се објавува:

 

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско – корисна работа СДЦ Компонента

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “ Се грижиме, дејствуваме”  за работно ангажирање со скратено работно време од 3 (три) месеци  заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Берово.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 3 месеци во кој влегува работниот ангажман.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на  работниот ангажман статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

 

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата .

 

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

  • Долгорочно невраборени лица( над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
  • Жени припаднички на ромска етничка заедница и на останатите етнички заедници
  • Лица припадници на ромската етничка заедница

 

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

Работно место 1: Неговател/ка на лица со попреченост

Позиции за работно место 1: 4 позиции

Потребни квалификации и занимања за Работно место 1: Основно образование, средно тригодишно или четиригодишно средно училиште и  да поседува сертификат за нега на лица со попреченост. Право на учество во Програмата “Општинско-корисна работа ”имаат невработени лица кои се евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, при што приоритет ќе имаат соодветните целни групи дефинирани во Програмата.

 

Работно место 2: Неговател/ка за стари лица

Позиции за работно место 2: 4 позиции

Потребни квалификации и занимања за Работно место 2: Основно образование, средно тригодишно или четиригодишно средно училиште и  да поседува сертификат за нега на стари лица. Право на учество во Програмата “Општинско-корисна работа ”имаат невработени лица кои се евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, при што приоритет ќе имаат соодветните целни групи дефинирани во Програмата.

 

Работно место 3 :Лични асистенти за стари лица-одмена на грижа

Позиции за работно место 3: 4 позиции

Потребни квалификации и занимања за Работно место 3: Основно образование, средно тригодишно или четиригодишно средно училиште и  да поседува сертификат за нега на стари лица. Право на учество во Програмата “Општинско-корисна работа ”имаат невработени лица кои се евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, при што приоритет ќе имаат соодветните целни групи дефинирани во Програмата.

 

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Берово во периодот од 07.06.2022 година до 15.06.2022 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Берово и избраните кандидати.

 

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Берово кај лицето Ѓорѓи Пеовски , Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Берово  кај лицето  Марија Тренчовска ,  Центар за социјлна работа Берово кај лицето Биљана Миловска.

Општина Берово

Градоначалник

Звонко Пекевски

Горе