Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Берово, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 4.8.2021 година се објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско – корисна работа
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “ За наше Берово” за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Берово.
Евидентираните невранботени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.
Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на работниот ангажман од 6 (шест)месеци/ 9(девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата .
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
-долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
– млади лица до 29 години
– лица постари од 50 години
– лица корисници на гарантирана минимална помош
– лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
– лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
– жртви на семејно насилство
– лица со попреченост
– жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етничките заедници
– лица припадници на ромската етничка заедница
-самохрани родители
– родители на деца со пречки во развојот
– родители на 3 и повеќе деца
– лица со незавршено средно или пониско образование
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
-1 образовен асистент во средно образование,
-4 негуватели на деца во градинка,
-1 воспитувач во претшколско образование,
-4 фасилитатори за одржливи социјални услуги,
-2 негуватели за стари лица,
– 4 негуватели на лица со попреченост,
-4 пост ковид негуватели/ негуватели на лица заболени од Алцхајмер, мултиплекс склероза и палијативна нега
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Берово во периодот од 04.08.2021 година до 10.08.2021 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Потребни квалификации за работните позиции:
- За образовен асистент во средно образование– Високо образование/1 степен дипломиран професор, дипломиран наставник, дипломиран педагог или завршено више образование за наставници
- За негуватели на деца во градинка– средно четиригодишно образование/средно медицинско,средно образовани-гимназија, средно музичко образование,средно ликовно , средно фискултурно предност ќе имаат лица кои имаат сертификат за негователи на деца од предшколска возраст,
- За воспитувач во претшколско образование– високо образование/1 степен за дипломирани професори по предучилишно образовани, дипломиран воспитувач на деца, дипломиран педагог или завршено Више образование за наставници
- За фасилитатори за одржливи социјални услуги – средно тригодишно или четиригодишно образование
- За негуватели за стари лица– средно образование , предност ќе имаат лица кои имаат сертификат за негователи
- За негуватели на лица со попреченост – средно тригодишно или четиригодишно образование или високо образование, предност ќе имаат лица кои имаат сертификат за негователи
- За пост ковид негуватели/ негуватели на лица заболени од Алцхајмер, мултиплекс склероза и палијативна нега– средно тригодишно или четиригодишно образование или високо образование
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Берово и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Берово кај лицето Ѓорѓи Пеовски, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Берово кај лицето Марија Тренчовска, Центар за социјлна работа Берово кај лицето Билјана Миловска.
Комисија за имплементација на
Проектот “Општинско – корисна работа”
Општина Берово
Градоначалник
ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ