Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Мерка 6. Програма за работно ангажирање-Јавни работи

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2022 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија, за Мерка 6.Програма за работно ангажирање-Јавни работи,финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и општина Берово, односно учество на општина Берово во ОП за 2022, Мерка 6.Јавни работи, општина Берово на ден: 28.07.2022 година објавува:

 

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Мерка 6. Програма за работно ангажирање-Јавни работи

 

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица со ниски квалификации од територијата на општина Берово, кои се заинтересирани да се вклучат во Програмат за работно ангажирање – Јавни работи во проекти од инфраструктурен карактер и заштита на животна средина, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Берово.

Јавниот повик за работно ангажирање на невработени лица, за изведување на Јавни работи, од јавен интерес за општина Берово,  трае 5(пет)работни денови од денот на објавување заклучно со 04.08.2022година.

За спроведување на предвидените проектни активности од делокругот на Јавни работи, предвидена е финансиска поддршка во износ од 600 денари по работно ангажирано лице,дневно,со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест за 20 работни часови неделно.

Селектираните невработени лица ќе бидат работно ангажирани од страна на општина Берово, во времетраење од 22 (дваесет и два) работни дена.

Селекцијата на заинтересираните пријавени кандидати, ќе биде извршена од Комисија формирана од страна на Градоначалникот на општина Берово.

На корисниците на социјална помош, за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

 

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во ,,Програмата за работно ангажирање -Јавни работи, можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Берово во периодот од 28.07.2022 година до 04.08.2022 година, од 08:00 до 14:00 часот.

 

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Општина Берово и Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и избраните кандидати.

Детални информации за Програма за работно ангажирање – Јавни работи можат да се добијат во Општина Берово кај лицето Даница Пиличовска, , Агенција за вработување- Центар за вработување Берово, кај лицето Марија Тренчовска.

Општина Берово

Градоначалник

Звонко Пекевски

.

Горе