Известување за почеток со активности за рушење на кино сала

Се известува населението на Општина Берово, дека во наредниот период  започнуваат активностите за рушење на постоечки објект кино сала во Берово.

Се моли населението, да покаже стрпливост и трпение за време на спроведување на целата постапка, поради можни краткотрајни ограничувања и зголемена динамика на теренот.

Воедно, Ве известуваме дека  контејнерите за отпад, кои претходно се наоѓаа на локација -зад Дом на културата ,,Димитар Беровски” – Берово, се преместени и се поставени зад Маркет ДИМ, со цел непречено и безбедно извршување на сите активности поврзани со рушењето.

Горе