Почитувани граѓани
Со цел да се овозможи непречено и ефикасно чистење на снегот за непречено одвивање на сообраќајот за сите учесници апелираме:
– Да не се паркираат патнички и товарни возила по улиците со цел да се овозможи проодност и ефикасна работа на службите за зимско одржување
Да не се паркираат возила пред куќи, на улица за да се овозможи проодност и работа на механизацијата за чистење
На улиците по периферијата од градот каде нема паркинг-места возилата да се паркираат само од едната страна да се обезбеди пристап за граѓаните и службите за зимско одржување
Неправилното паркирање на возила често се затрупуваат со снег од механизацијата за чистење, што дополнително создава пречки во сообраќајот а највеќе на пешаците и со тоа го загрозува неговото безбедно функционирање.
Товарните возила да се паркираат исклучиво на соодветно обележани и дозволени места како што е простор за товарни возила.
Ве информираме дека полицијата спроведе низа превевентивни мерки и апели за почитување на правилата за паркирање со цел да се обезбеди непречено чистење на снег и непречено одвивање на сообраќајот.
Сепак, поради продолженото непочитување на овие мерки од страна на одредени граѓани полицијата ќе пристапи кон репресивни мерки.
Поука: Не паркирајте ги вашите возила на улиците за време на чистењето на снегот. Оставените возила на улиците го попречуваат и забавуваат процесот на чистење на снегот, што може да доведе до опасни услови за возачите и пешаците. Соработувајте за да ги одржиме улиците чисти и безбедни за сите.
Ве молиме за разбирање и соработка
ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ БЕРОВО