ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНИ РАБОТИ НА УЛ.,,Моша Пијаде” во Берово

Почитувани граѓани,

 

Ве известуваме дека во тек се  градежни активности по проект ,,Изградба на улично осветлување на ул.,,Моша Пијаде” – втора фаза, од раскрсница кај Хотел Манастир, до спој со ул.,,23 Август” .

Општина Берово  упатува апел до жителите, кои имаат потреба за движење, во овој дел  на градот,  за внимателно движење (да го избегнуваат делот од тротоарот каде ќе се изведуваат градежните работи) и внимателно  да управуваат со моторните возила.

Со цел успешно завршување со реализацијата на овој проект, Исто така ве молиме,  за разбирање и трпеливост во временскиот период на изведување на градежните работи.

 

Со почит,

Горе