Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести – (Сл. Весник на Република Македонија бр.66/04, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15 и 37/16 и Сл.Весник на РСМ бр. 257/20), како и препораките на Министерството за здравство на Република Македонија, и согласно Програмата за спроведување на мерки за заштита на населението од заразни болести донесена од Советот на Општина Берово бр. 09-4516/1 од 24.11.2023 год., и Договор за јавна набавка бр. 11-3340/1 од 31.08.2023 година, Општина Берово го издава следното соопштение:
Ве известуваме дека на ден 03.06.2024 година (понеделник наспроти вторник), со почеток од 22.00 до 05:00 часот, екипи од ДТУ Зотокс Дооел – Скопје, ќе ја спроведат ПРВАТА ФАЗА од ТЕРИСТИЧКАТА ДЕЗИНСЕКЦИЈА со цел уништување на возрасни комарци.
Третирањето ќе се врши со соодветна апаратура потставена на специјално возило, а ќе се применува препарат AQUA K-OTHRINE, со активна супстанца DELTAMETRIN.
Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во ноќните часови, се известува населението да не излегува и да ги затвори своите прозори.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општината, подрачјата по течението на реки и водотеци, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Берово, локалитети со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
ОПШТИНА БЕРОВО
ГРАДОНАЧАЛНИК
ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ