Почитувани граѓани,
Динамиката на модерното живеење, го прави сообраќајот еден од клучните сегменти во севкупното општествено живеење.
Во пресрет на зимскиот период, кој трае од 15 ноември до 15 март, Ве информираме за законските обврски, на сите учесници во сообраќајот и сопствениците на објекти, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Обврски на Возачите :
Сите Возачи мора да обезбедат зимска опрема за своите возила и тоа:
- Зимски гуми на сите тркала или синџири за снег, подготвени за употреба во снежни услови
- За автобуси и товарни возила, задолжителни се синџири и помагачи за одмрзнување
- Паркирањето на улиците и тротоарите е строго забрането, во зони, каде што може да го попречи движењето на возилата на ,,Македонија пат” и комуналните служби.
Ве известуваме дека согласно Законот за безбедност на сообраќајот и за обезбедување непречен пристап, строго е забрането паркирање на возила, пред влезовите на болници, училишта и други јавни установи. Оваа мерка е од особена важност за обезбедување брз пристап за итни служби и за безбедност на децата и сите корисници на овие објекти. Насоки за возилата- треба да бидат паркирани во дворовите или на предвидените паркинг зони во близина на објектите, без да го попречуваат пристапот на влезовите. Непочитувањето на овие правила, може да доведе до санкции и отстранување на неправилно паркирани возила. Ве молиме за разбирање и одговорност при паркирањето, со цел заедно да придонесеме за безбедноста и непреченото функционирање на јавните установи.
Обврските на сопствениците на објекти:
Сите сопственици на деловни и приватни објекти се обврзани да ги исчистат тротоарите и пристапните патишта пред нивните објекти од снег и мраз. Исчистениот снег не смее да се фрла на улицата и тротоарите, туку треба да биде отстранет на начин кој не го загрозува движењето на пешаците и сообраќајот.
Не паркирајте ги вашите возила на улиците, особено во снежни услови. Оставените возила на улиците го попречуваат и забавуваат процесот на чистење на снегот, што може да доведе до опасни услови за возачите и пешаците. Соработувајте за да ги одржиме улиците чисти и безбедни за сите.
СЛОБОДНА ТРОТОАРСКА ПОВРШИНА, ЗНАЧИ БЕЗБЕДНИ ПЕШАЦИ – ПАРКИРАЈТЕ ПРАВИЛНО!
Обврски на комуналните служби и на ,,Македонија пат” :
Возилата на ,,Македонија пат” и Комуналните служби, имаат приоритетен пристап до сите главни патишта и јавни површини за чистење на снегот. Ќе се обезбеди редовно и навремено одржување на патиштата, особено во близина на училиштата и зоните со видок пешачки сообраќај.
САНКЦИИ
Непочитувањето на обврските за зимска опрема и чистење, може да доведе до санкции, согласно Законот за безбедност во сообраќајот
