Во тек се завршни активности од проект „#EuSAVE – АКТИВНОСТИ НА ГРАЃАНИТЕ НА ЕУ ЗА ПАМЕТНИ ИСТОРИСКИ НАСЕЛБИ“, кој се спроведуваше во рамките на Програмата ,,Европа за граѓаните” и #EuSAVE мрежата, кој има за цел трасирање на транснационална стратегија за развој на туризмот.
Проектот се спроведуваше во период од четири години, (2019 -2022) и во рамките на истиот, се одржаа седум меѓународни конференции во шест земји: Шпанија Италија, Белгија, Хрватска, Португалија и Бугарија.
На конференциите учествуваа вкупно 603 учесници, од осум партнерски организации и општини од Македонија, Шпанија, Хрватска, Бугарија, Белгија, Португалија Италија и Латвија. Се разменувани искуствата помеѓу државите за предизвиците во туризмот во Европа и европското културно богатство и воспоставуваење на партнерска соработка, меѓу европските држави.
Во рамките на проектот, креирана е заедничка стратегија за паметни историски села, мапа на добри практики од сите актери во областа на одржливиот развој на паметните историски села и план за одржливост, со мрежа #EuSAVE.
На следните линкови можете да видите краток завшен извештај за резултатите од проектот, на македонски и на англиски јазик:
EuSAVE_Извештај за активности_МК new
EuSAVE_Project Activities Report_EN
Проектот е финансиран со поддршка на Европската Унија преку Програмата „Европа на граѓаните“.