ООУ „Дедо Иљо Малешевски“, постојано се грижи за унапредување на условите за учење на учениците, па така изминатиот период, работеше на интерактивно и визуелно уредување на просториите во училиштето.
Со цел да се збогати училишната средина и да се подобри визуелната атрактивност,во училиштето, дел од прозорците во холови и неколку училници, добија нов изглед со декоративни фолии, со наставно едукативни содржини.
Овие фолии не се само естетско уредување на уилиштето, туку и практично средство за подобрување на наставниот процес. Тие служат како нагледни средства кои овозможуваат на нашите креативни ученици и наставници да имаат полесно совладување на наставниот материјал, нудејќи интерактивен и визуелно стимулирачки пристап кон учењето. Освен образовниот аспект, оваа промена значително го разубавува и освежува работниот амбиент во училиштето, правејќи ги просториите повеќе пријатни и стимулативни за сите нас. Убедени сме дека овие нови додатоци ќе придонесат за уште поквалитетна и убава училишна средина за сите наши ученици и наставници- истакнаа од ООУ „Дедо Иљо Малешевски“.
Во продолжение, слики од прекрасниот нов изглед на просториите во ООУ „Дедо Иљо Малешевски“