Интегрираниот локален развоен план 2024-2027 е подготвен од Општина Берово во рамки на проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплментација на проекти“ кој го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој.
За таа цел Општина Берово ги повикаува сите заинтересирани граѓани, здруженија на граѓани, бизнис заедницата, стручната јавности и сите кои сакаат да допринесат во подобрување на документот да дадат свои предлози, мислења, сугестии и препораки кои ќе биадта разгледани од страна на меѓународни експерти. Во прилог е Интегрираниот локален развоен план за кој во следниот период од 5 дена (до 17.12.2024 г) ќе можете да дадете ваши предлози, мислења, сугестии и препораки на е-маил: [email protected] со назнака „за Интегрираниот локален развоен план “ или во просториите на Општина Берово секој работен ден од 9 до 14 часот.
Во оваа прилика изразуваме особена благодарност до претставниците на здруженијата на граѓани, бизнис заедницата и јавните претпријатија кои учествуваа во подготовката на документот. Веруваме дека зајакнатата соработка во поглед на дефинирање на политиките и стратешките планови ќе биде основа за заедничка соработка во процесот на спроведување на предвидените акции и надминување на проблемите во заедницата а со тоа и на проектираните цели.
Благодариме на тимот од експерти и донаторот УНДП, финансирана од Шведска кои работеа на подготовката Интегрираниот локален развоен план на Општина Берово.
https://berovo.gov.mk/wp-content/uploads/2024/12/Integriran-lokalen-razvoen-plan-na-Opshtina-Berovo-2024-2027.pdf