ИНФОРМИРАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРЕСТОЈНАТА ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМАТСКА ТЕРИСТИЧКА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ЗА УНИШТУВАЊЕ НА КОМАРЦИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА БЕРОВО

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. Весник на Република Македонија бр.66/04, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15 и 37/16 и Сл.Весник на РСМ бр. 257/20), како и препораките на Министерството за здравство на Република Македонија и согласно Програмата за спроведување на мерки за заштита на населението од заразни болести, донесена од Советот на Општина Берово, бр. 09-4516/1 од 24.11.2023 год., и Договор за јавна набавка бр. 11-3340/1 од 31.08.2023 год.   Општина Берово го издава следното соопштение:

Ве известуваме дека на ден 21.08.2024 година (среда наспроти четврток), со почеток  од 22.00 до 05:00 часот, екипи од  ДТУ Зотокс  Дооел  – Скопје, ќе ја спроведат ТРЕТАТА  ФАЗА од ТЕРИСТИЧКАТА ДЕЗИНСЕКЦИЈА, со цел уништување на возрасни комарци.

Третирањето ќе се врши со соодветна апаратура потставена на специјално возило, а ќе се применува препарат AQUA K-OTHRINE, со активна супстанца DELTAMETRIN.

Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во ноќните часови, се известува населението да не излегува и да ги затвори своите прозори.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата по течението на реки и водотеци, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Берово, локалитети со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Горе