ИНФОРМИРАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРЕТСТОЈНАТА ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМАТСКА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ЗА УНИШТУВАЊЕ НА КОМАРЦИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА БЕРОВО

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести – (Сл. Весник на Република Македонија бр.66/04, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15 и 37/16 и Сл.Весник на РСМ бр. 257/20), како и препораките на Министерството за здравство на Република Македонија, и согласно Програмата за спроведување на мерки за заштита на населението од заразни болести донесена од Советот на Општина Берово бр. 09-3956/1 од 28.11.2024 год., и Договор за јавна набавка бр. 11-3611/1 од 04.11.2024 год.   Општина Берово го издава следното соопштение:

Ве известуваме дека на ден 18.07.2025 година (Петок наспроти Сабота) со почеток  од 23.00 до 06:00 часот – екипи од  ДТУ Зотокс  Дооел  – Скопје ќе ја спроведат ВТОРАТА  ФАЗА од ТЕРИСТИЧКАТА ДЕЗИНСЕКЦИЈА со цел уништување на возрасни комарци. Третирањето ќе се врши со соодветна апаратура потставена на специјално возило, а ќе се применува препарат AQUA K-OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.

Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во ноќните часови, се известува населението да не излегува и да ги затвори своите прозори.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата по течението на реки и водотеци, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Берово, локалитети со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.

Со Информации за активностите од страна на ДТУ ЗОТОКС ДООЕЛ – СКОПЈЕ Општина Берово ги извести  медиумите, здруженијата на пчеларите, здравствените институции, полициската станица МВР – Берово, РЦУК,  Дирекција за заштита и спасување.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Берово 17.07.2025 година

ОПШТИНА БЕРОВО

ГРАДОНАЧАЛНИК

ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ

Горе