Информација за средби на Градоначалникот на Општина Берово со граѓани, за креирање на Буџетот за 2025 година

Ве известуваме дека Општина Берово е во фаза на креирање на Буџетот на Општина Берово за 2025 година и подготовка на годишните програми за работа на одделенијата,  за 2025 година.

Со цел партиципативно учество на граѓаните, во креирањето на Буџетот, Градоначалникот ќе оствари средби со граѓани, во Општина Берово .

Средбите во Берово,  ќе се рализираат  со следниот распоред:

с.Смојмирово 04.11.2024
(понеделник)
ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” 18:00 часот
с.Мачево 04.11.2024
(понеделник)
ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” 19:30 часот
с.Будинарци 06.11.2024
(среда)
сала 18:00 часот
с.Митрашинци 06.11.2024
(среда)
ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” 19:30 часот
с. Владимирово 07.11.2024
(четврток)
ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” 18:00 часот
с.Русиново 07.11.2024
(четврток)
ООУ ,,Никола Петров Русински” 19:30 часот
с.Ратево 11.11.2024
(понеделник)
ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” 17:00 часот
с.Двориште 11.11.2024
(понеделник)
 ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” 19:00 часот
Берово  жителите
од Берово, кои живеат
од лева страна по течението
на река Брегалница
13.11.2024
(среда)
Општина Берово 18:00 часот
Берово  жителите
од Берово, кои живеат
од десна страна по течението
на река Брегалница
13.11.2024
(среда)
Општина Берово 19:30 часот

Сите кои имате идеи, предлози за релизација на одредени проекти или решавање на одредени проблеми, повелете во наведениот термин, на разговор со Градоначалникот и претставници од локалната самоуправа.

Исто така, сите кои од одредени причини се спречени во наведените термини, да присуствуваат на средбите, дајте го свој предлог, за поубаво Берово, преку e-mail: [email protected].

Горе