Еден од најголемите приоритети на Општина Берово е јакнење на соработката со Здруженијата на граѓани, невладини организации, кои изразуваат интерес, кој со својата стручност учествуваат непосредно во развојот на општината.
Општина Берово е отворена за соработка со сите регистрирани Здруженијата на граѓани и невладини организации и секојдневно се стреми кон јакнење на капацитетите на овој сектор.
На територијата на Општина Берово, се регистрирани неколку Здруженија на граѓани кои делуваат во повеќе области, но сепак треба да се работи на постојано унапредување и мотивирање на граѓаните кон зајакнување на граѓанскиот сектор.