Градоначалниците на Берово и Пехчево, во посета на Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост

Денеска, градоначалникот Пекевски, заедно со градоначалникот на Општина Пехчево, ги посети корисниците во Дневниот центар на лица со телесна или ментална попреченост, во Берово.

Како резултат на претходно направената анализа, за потребите и приоритетите на Дневниот центар, тие заеднички, им подарија правосмукалка, која ќе им го олесни секојдневното функционирање.

Со неизмерна радост, си ги честитаа новогодишните и божиќните празници и си посакаа многу здравје и среќа во Новата година.

Приоритетите на Општина Берово и понатаму се насочени кон инклузија на лицата со попреченост и унапредување на нивните права, преку развој на социјални услуги, достапни на локално ниво.Така, од оваа година, воведена е мерка, еднократна парична помош на семејства со лица со попреченост, на возраст до 26 години, во износ од 10.000,00 денари.

Дневниот центар во Берово, функционира и е многу важна установа за вклучување и активно учество на лицата со попреченост во општеството.

Горе