Градоначалникот Пекевски присуствуваше на настан за промоција на новите туристички содржини во Малешевскиот регион

Промоцијата на новите туристички содржини за авантуристички туризам во Малешевскиот регион, кои се реализираат во рамките на Програмата за зачувување на природата,  во соработка со Маунтин Експириенс, беше темата на денешниот настан, кој се одржа во Едукативниот Центар за зачувување на природата во с. Негрево.

Целта на настанот беше промовирање на Малешевскиот регион, како туристички атрактивна дестинација, за активен туризам, преку пешачки и вело патеки.

Во периодот од мај 2020 до јуни 2021  година , друштвото за услуги и констултанство во авантуристичкиот туризам, спроведе проектна задача за ставање во функција патеки за планински туризам,  со вкупна должина од 250 км, па во рамки на активностите изработен и промотивен материјал, кој вклучува туристичка топографска мапа, книга водич на три јазици и мобилна апликација за туристичките содржини, поврзани со патеките за планински туризам.

Како што истакна Пекевски , преку овој проект, целиот регион е опфатен со обележени пешачки и вело патеки, со стандардна класификација, кои патеки ќе значат многу за промовирање на туризмот во малешевскиот регион , во развојот на планинскиот и велосипедскиот туризам и во локалниот економски развој воопшто.

Горе