Градоначалникот Пекевски присуствува на завршна конференција ROMACTED II во Истанбул Турција

Во периодот од 11-ти до 13-ти декември, Градоначалникот Пекевски, заедно со градоначалниците на Прилеп, Кочани и Делчево, присуствува на завршна конференција ROMACTED II во Истанбул, Турција, во рамките на Проект „Промовирање на добро владеење и зајакнување на Ромите на локално ниво“.
Како дел од настанот,  промовирана е:
Поддршката на Ромите во Западен Балкан и Турција
Преглед на имплементација на програмата ROMACTED, кај 7 корисници
Евалуација на програмата ROMACTED, преку научени лекции и препораки
Унапредување на инклузијата на Ромите, преку обезбедување одржливост и инклузивност на развојните процеси на локално ниво
Зајакнување на учеството на Ромите за пристап до права и придонес за социјално вклучување на ранливите заедници
Исто така, во рамките на престојот во Турција, градоначалникот имаше срдечен прием од страна на Градоначалникот на Општина Sisli, Resul Emrah Sahan.
Горе