Градоначалникот Пекевски оствари средба со Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски

Градоначалникот Пекевски, денеска во својот кабинет, оствари работна средба со Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р.С.Македонија, Трајан Димковски.
На средбата, тие разговараа за состојбите во Општина Берово, со руралната инфраструктура, за инвестициите во земјоделството и за користењето на мерките од ИПАРД Програмата на локално ниво.
Во рамките на посетата, Заменик Министерот Димковски, заедно со Градоначалникот Пекевски и Претседателот на Совет на Општина Берово, Матеничарски, ја посетија, пекарата ,,Аврамски” ДООЕЛ од Берово. Се работи за нова инвестиција, која во производството на широк асортиман пекарски производи, без адитиви, ќе користи, француска био програма, на која ќе работат, 11 вработени. Инвестицијата е вредна вкупно 1. 050.000,00 евра, од кои досега се инвестирани 600.000,00 евра во недвижност и опрема, а останатите ќе бидат инвестирани во следниот период.
Градоначалникот Пекевски, ја поздрави инвестицијата, истакнувајќи дека истата ќе има големо значење за подобрување на локалната економија и ќе го зајакне локалниот економски развој.
Инвестицијата беше поздравена и од Заменик Министерот Димковски, кој упати искрена заложба дека МЗШВ, стои на располагање за поддршка на ваквите инвестиции и дека и во периодот што следи, МЗШВ ќе биде силно посветено кон подобрување на состојбите на локално ниво.
Горе