Градоначалникот Пекевски оствари средба со пратеничката во Парламентот на Република Словенија, Сандра Газинковски

Градоначалникот Пекевски, денеска во својот кабинет оствари средба со Пратеничката во Парламентот на Република Словенија, Сандра Газинковски.

На средбата стана збор за соработката меѓу општина Берово и општини во Република Словенија,  на повеќе полиња, како и за  културната размена меѓу општините и остварување на соработка, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Градоначалникот упати честитки за изборот, посакувајќи и успешна работа и изрази надеж за остварување на соработка и реализација на успешни проекти.

Ја користам оваа можност, да ви се заблагодарам за Вашата посета. За нас како општина е голема чест што сте наши гости и воедно можност за воспоставување на успешна соработка, од која бенефит ќе имаат секако граѓаните.

Пратеничката Газинковски истакна дека ќе направи се што е можно за Берово да добие поддршка од Словенија и дека особено ќе и биде задоволство реализацијата на заеднички проект, кој ќе значи за жителите на Берово. Сметам дека имаме потенцијал, преку кој ќе може да се унапредува нашето меѓусебно разбирање и градење на подобри врски, подобра инфраструктура и поврзување на граѓаните на различни начини.

На средбата е потенцирано дека добрите односи помеѓу нашата општина и Република Словенија се одразуваат позитивно, посебно што во словенскиот Парламент има пратеник со малешевско потекло, кој има можност отворено да укажува за потребите на жителите на Општина Берово.

Горе