Градоначалникот Пекевски оствари средба со претставници од институтот за истражување и анализи на политики –Ромалитико

Во рамките на програмските активности за подобрување на животот на жителите од Ромската заедница, Градоначалникот на Општина Берово, заедно со тим на стручни соработници, оствари средба  со со претставници од институтот за истражување и анализи на политики –Ромалитико.

На средбата беше разговарано за спроведување на проектот ,,Заедно за просперитетна заедница”, финансиран од Агенција на САД за меѓународен развој и УСАИД – Македонија, со цел да се развие институционална соработка за имплементација на активностите и во Општина Берово.

Целта на проектот, како што истакаа претставниците од институтот за истражување и анализи на политики –Ромалитико, е воспоставување и промовирање на одржливи системи за локален развој,  кој ќе бидат иницирани од страна на Ромската заедница, обезбедена преку локални акции креирани согласно приоритетните потреби на заедницата. Понатаму локалните акции ќе бидат координирани со сите локални чинители кои ќе придонесат за себеодржливоста на локалниот развој во општините.

Примарниот фокус на проектот е поддршка во креирањето мрежи и соработка помеѓу релевантни чинители, вклучувајќи ја и локалната самоуправа, приватниот сектор, донаторските организации, Ромската дијаспора, граѓанските организации и други засегнати страни, во процесот на воспоставување на одржливи механизми за мобилизација на ресурси потребни за активности кои ќе придонесат за развој на заедницата. Во локалните активности, предвидено е Ромската заедница да имплементира решенија за развојните предизвици и приоритети.

Општина Берово е отворена за соработка со невладините организации и веќе спроведува неколку активности насочени кон подобрување на жителите од  Ромската заедница.

Во рамките на проектот, градоначалникот ја истакна неговата заложба за понатамошна соработка и потпишување на меморандум за дефинирање на взаемните точки од интерес и активности за поддршка на Ромите во Берово.

Горе