Вчера, Градоначалникот Пекевски,во својот кабинет, оствари средба со Координаторот на Националната платформа за женско претприемништво за источно плански регион, Ирена Мирчовска.
Градоначалникот потпиша Декларација за поддршка и развој на женско претприемништво.
Разговараа за состојбите на локално ниво и заклучија дека процентот на женското претприемништво во општината, е низок и е потребна промоција, со цел запознавање на можностите и бенифитите кои се на располагање.
Зедничко делување на општините од источниот регион е клучен фактор за развој на женското претприемништво и за охрабрување што повеќе жени да започнат сопствен бизнис со мерките и поддршките кои се нудат.
Националната платформа за женско претприемништво ги следи трендовите во женското претприемништво и на глобално ниво, а воедно ги применува најдобрите практики во обидот да им овозможи посилен глас на жените претприемачи во Македонија.
Да се информираме за можностите за женско претприемништво и да учествуваме во создавањето на нови перспективи.