Денеска, Градоначалникот Пекевски оствари средба со Член на Претседателството на Сојузот на Здружение на борци- граѓани поддржувачи од Струмица, Никола Пефќев.
На средбата разговараа за понатамошна заедничка соработка за одржување на спомен обележјата, оддавање почит на паднатите борци и подобрување на општествените процеси, воопшто.
Претседателството на Сојузот на Здружение на борци- граѓани поддржувачи од Струмица дава поддршка и придонес за подобрување на животот на граѓаните и негување на ликот и делата на борците од НОБ.
Почитувањето на борците од НОБ, е наша обврска и никогаш не треба да се заборават нивните дела, нивните имиња се вградени во континуитет на изградбата на независна македонска држава и затоа треба историјата да се пренесува од колено на колено, за никогаш да не бидат заборавени.