Градоначалникот Пекевски оствари работна средба со Директорот на Агенција за исселеништво Слободан Близнаковски

Денеска, во својот кабинет, Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, оствари работна средба со Директорот на Агенција за исселеништво, Слободан Близнаковски и раководителот на Секоторот за одржување и унапредување на врските со исселеништвото, информирање и културен развој на исселениците, Билјана Костова.

На средбата е разговарано за иницијативите и  можностите за соработка помеѓу Агенцијата за исселеништво и Општина Берово, во насока на интеграција на исселениците во јавниот економскиот и културниот  живот, размената на информации, како и за можноста  за инвестицции.

Градоначалникот Пекевски информираше за различни иницијативи од културен аспект што општината ги реализира, за општинските услуги во сферата на социјалната заштита, како и можностите за развој и инвестиции, особено во делот на туризмот.

Директорот Близнаковски упати на иницијатива  за системска соработка со општините, преку споделување на информации и нивна  презентација пред иселеничките поединци и организации во светот, со цел нашите исселеници, да  бидат информирани што се случува и секој да може да ги пронајде потребните информации.

Во рамки на средбата, посебен акцент е ставен на  потребата од унапедување и продлабочување на соработката со иселениците.

Горе