Градоначалникот Пекевски одржа состанок со членовите на месните заедници од с. Ратево, с. Владимирово, с. Двориште и с. Русиново.

Вчера, Градоначалникот Пекевски одржа состанок со членовите на месните заедници, од с. Ратево, с. Владимирово, с. Двориште и с. Русиново.

На состанокот, разговараа за предвидените капитални  и други проекти, за секое село поединечно, жителите ги истакнуваа приоритетите од својата заедница, од кои, за дел веќе договорени беа следни чекори.

Годинава, во с. Ратево, извесно е дека ќе се гради ул.,,Илинденска”, а аплицирана е и ул.,,Гоце Делчев”, за која се чека дали ќе бидат одобрени средства.

Во село Владимирово, продолжуваме со промена на водоводната мрежа, со крак 3 и крак 4, а во с. Русиново ќе се гради улицата која што е спој помеѓу улиците ,,Димитар Влахов” и ,,Партизанска” .

Од страна на жителите на сите населени места е истакната важноста на обнова на шумските патишта, за што општината нема надлежност, меѓутоа ќе превземеме се што е во можност.

Месните заедници се важни учесници во локалните политики, кои секогаш знаат што и е потребно на заедницата, за  подобрување на  животот на граѓаните.

Горе